Проект за внатрешно уредување

Избери еден од трите пакети, и добиј го проектот од твоите соништа.

Твојот дом може да биде хармонично место

Еден дом може да има најразлична организација, и така да буди различни чувства и спомени. Многу често се прашуваме како да го организираме, за да одговори на сите наши потреби и оние на целото семејство.

Врз база на повеќегодишното искуство, издвоивме 3 категории во пакети. Со цел на крајот да имаме  успешен резултат, овие пакети се детално обмислени за најефикасна соработка помеѓу вас како клиенти и нас како архитекти.

За време на нашата детална програма која што е организирана во прецизно дефинирани средби и активности, ќе стигнеме заедно до вашиот дом од соништата. 

Целиот процес ќе се одвива онлјан, во претходно дефинирани термини. 

ИЗБЕРИ ГО ТВОЈОТ ПАКЕТ

40-60 m2
1800

времетраење на проектот 45 дена

61-80 m2
2100

време траење на проектот 60 дена

81-100 m2
2400

време траење на проектот 75 дена

Дали сте фирма, производител или изведувач која што сака да соработува со нас?
Сакате да ве вклучиме во нашите проекти? 

Сакате да закажете состанок со нашиот архитект?
Резервирајте состанок во календарот!


Често поставувани прашања

Кога се одвиваат средбите?
На почетокот ќе дефинираме фиксни онлајн средби кои ќе ви бидат резервирани за времетраење на целиот проект. Доколку за некоја средба нема да можете да присуствувате, треба да пријавите една недела порано и да закажете нов термин во календарот.

Нашиот буџет не е целосно дефиниран, што да правиме во врска со тоа?

Буџетот е најбитен дел од секој проект, а посебно проект за уредување на вашиот дом. Потребно е да поставите груба рамка, за да проектот одговори на вашите барања. Што подетален е буџетот, толку пореално изводлив проект ќе добиете.

Зошто да ја избереме вашата понуда?

Со помош на овој метод на работа, ќе заштедите многу време и грижи за вашиот дом, или простор, што многу често знае да биде напорен процес. Ќе добиете квалитетен проект кој што ќе можете непречено да го изведете. 

Што ако сакаме вие да ја водите нашата изведба?

За тоа ќе разговараме по завршување на проектот. Во оваа цена не се вклучени тие активности.

Колку се плаќа за резервирање на пакетот?

Целиот износ треба да го платите во рок од 3 дена, заради тоа што е ограничен бројот на проекти кои што ги работиме месечно, и местата брзо се резервираат.