
Идејата да почнам да работам со дизајн на поединечни производи за дома потекна уште од пред 3 години кога победив на конкурсот Temporary Living Space организиран од реноминираниот италијански бренд за дизајн на мебел Molteni&C | Dada. Ова искуство ми даде моженост да ја посетам нивната фабрика, да видам како работат и да имам шанса мојот дизајн да биде изведен од нивната фабрика, а потоа и да биде претставен на Болоњската недела на дизајн во 2017та година.

Исто така, моите магистарски студии на Политехничкиот Универзитет во Милано, тамошниот престој, посетата на неделите на дизајн како и многу други патувања го развија овој потенцијал во мене, но ми требаше време за да се посветам и да почнам да ги реализирам сите скици и идеи кои ги имам запишано.


Потоа низ мојата работа, како при работа на проекти за ентериер и урбана опрема за отворени простори јас секогаш бев поврзана со работата со дрво. Овој материјал е толку магичен што дефинитивно ми дава премногу слобода во креацијата, со тоа што се препознавам себеси. Дрвото е одржлив материјал, за многу луѓе ова е нејасно зошто и сега ќе појаснам. Дрвото е материјал кој што природата го создава и да, тоа е природен прочистувач на воздухот. Меѓутоа исто така предметите изработени од дрвото се толку пријатни и блиски до нашиот организам, носат свежина и позитивна енергија во просторот. При работата на дизајн на предмети од дрво нема никаков отпад. Процесот не вклучува никакво испуштање на гасови кои ја загадуваат околината, како и се користат дрвја кои се наменети исклучиво за изработка на мебел и така во еден круг се користат и се засадуваат нови дрвја.
Имајќи парче мебел од дрво е исто како да носите памучна наместо синтетичка облека. Затоа внимавајте кога го бирате мебелот кој ве опкружува многу саати од денот, а посебно во овој период.


За време на моето работење добивам многу идеи за предмети кои би сакала да ги видам во мојот дом. Овие предмети се различни од нешто што веќе сум го видела на пазарот, различни од мебелот на местата што сум ги посетила и затоа решив дека ќе се потрудам да се реализираат. За време на овој карантин решив да се заангажирам и да најдам столари и мајстори во нашата земја кои ќе ги изреализираат. Исконтактирав повеќе луѓе, им ги покажав нацртите и ги избрав најквалитетните. Што ми беше важно при изборот? Дрвото да биде совршено изработено, аглите на спојување на овие полици да не се видливи, да не се гледаат штрафови и лепак. Целта на овој дизајн е парчето да изгледа монолитно. Така се родија моите први производи MOVABLE полици.





Овие полици се за луѓе кои го препознаваат овој дизајн, луѓе кои имаат поспецифичен вкус, луѓе кои сакаат да експериментираат со домашниот простор и да бидат различни од другите, без разлика што другите мислат.
Мило ми е да ги споделам овие полици најпрвин со македонската публика, пријатели и колеги, а наскоро и на светскиот пазар.
Погледнете, нарачајте и подарете на пријател!
Сара Симоска
Архитект




Погледнете повеќе во продавницата.
shop
sarasimoska_products