Овој стан во Карпош, има препознатлив распоред за станбените згради изградени во 60тите години на минатиот век. Сите соби се свртени на источната страна и со тоа добиваат светлина во утринските часови.
Секоја соба има прилично мали димензии, но сепак станот е компактен. Со овој проект за ентериерно уредување станот добива практично решение, со користење на светли бои и природни материјали. Малиот простор не дозволува употреба на претерана декорација која би го загушила просторот.
Во дневната, трпезарискиот простор и дневниот простор се одделени со мала полица, како и со темно зелена боја. Ова создава чувство на различен амбиент на два простори со различна функција во иста соба.
Спалната соба изобилува со темно сината боја која внесува смиреност. Таа е комбинирана со природната боја на дрвото која внесува топлина и чувство на дом.